Пегите се во тренд повеќе од кога било: Една девојка заминала да го истетовира лицето - сега сите ѝ се смеат
Дали навистина е толку лошо?
Она кога толку многу посакуваш пеги што си подготвена да направиш сѐ за да ги имаш, па дури и да добиеш толку луда идеја за да одиш да истетовираш пеги. Една девојка мислела дека тоа е навистина добра идеја.
Сите кои природно имаат пеги на лицето сега сигурно се многу среќни, бидејќи мометално голем хит во светот на убавината се пегите. Девојките се во потрага за сите можни начини со кои би можеле да ги нацртаат на лицето, а да изгледаат што поприродно. Постојат дури и производи за шминкање наменети за цртање на пеги. На Брајани очигледно ѝ било преку глава од секојдневното цртање на пеги, па отишла да ги тетовира и сега сите поради тоа се шегуваат со неа и ја исмеваат. Ќе видиш и зошто.
@wildchildbre PERMANENT FRECKLES see healed final results on my IG: wildchildbree
Molly - 1Htxr
Снимила дури неколку видеа на оваа тема, каде им покажува на сите дека навистина го направила тоа и дека не може да ги отстрани, но и како изгледа по тетовирањето. И секако сите ја исмеваат и се шегуваат со неа, бидејќи пегите, како што некои велат, ѝ изгледаат како мозолчиња, некои пак велат дека изгледа како да има сипаници, а други како да има еден куп мали бенки на лицето.
@wildchildbre Reply to @igethellabitches24 original sound - Areneemua
Иако со текот на времето ќе станат помалку впечатливи, бидејќи секоја тетоважа по некое време избледува, сеедно, во видеота на кои нема шминка се гледа колку се впечатливи. Кога ќе стави пудра и шминка, дури тогаш изгледа природно. Сними и видео и неколку недели подоцна, но и понатаму добива негативни коментари. Луѓето велат дека тоа не изгледа како пеги, туку како дамки на лицето и дека воопшто не изгледа реално и исплатливо.
@wildchildbre Reply to @cantfindkezy original sound - Brianna Olsen
Ако навистина сакаш да имаш пеги, и понатаму подобра идеја е секој ден да ги црташ со помош на шминка. Така ќе изгледаш 100 пати подобро и пореално.