Пејачката ПИНК позитивна на коронавирусот: Ова не бира ни богати ни сиромашни
Познатата американска пејачка Пинк објави дека е позитивна за коронавирус, како и дека ќе донира500 000 долари на две служби за итни случаи.
Пејачката во серија твитови рече дека таа и нејзиниот 3-годишен син доживеале симптоми пред две недели, по што била тестирана.
Таа додаде дека членовите на нејзиното семејство веќе се во домашна изолација, а коронавирусот е негативен кај нив, пренесува АП.
Добитничката на Греми се заложи за бесплатно и распространето тестирање.
"Неуспехот на надлежните е дека тестовите не се достапни, оваа болест е сериозна и реална. Луѓето треба да знаат дека ги напаѓа младите и старите, здрави и болни, богати и сиромашни. Затоа, тестовите мора да бидат широко достапни, со цел да ги заштитиме нашите деца, семејства. пријатели и заедница “, истакна Пинк