Пет митови во кои веруваме и кои се поврзани со животниот век на батериите на мобилните телефони
Ни делува дека има премногу теории за тоа што е добро или лошо за животниот век на батериите на мобилните телефони, но дали сите се вистините? Ова се петте најчести заблуди кога е во прашање трајноста на батериите:
# Батеријата треба да биде празна или скоро празна пред полнење
Ова вреди единствено доколку се користат никел-кадмиумски батерии чиј капацитет опаѓа доколку мобилниот прерано или пречесто се полни. Литиум-јонските батерии, кои се користат во модерните паметни телефони, со тоа немаат проблем.
# Користењето на полнач кој не сте го добиле со уредот и штети на батеријата
Нема погрешен полнач кога се во прашање модерните паметни телефони, кои за полнење користат УСБ приклучоци. Разликата е само во брзината на полнењето, бидејќи немаат сите мобилни телефони можност за брзо полнење.
# Новите мобилни телефони првиот пат е потребно да ги наполните 100%
Денес ова правило не важи. Денес секој корисник самостојно одлучува дали до крај ќе го наполни уредот и притоа не треба да се грижи дали таа одлука ќе влијае на капацитетот на батеријата.
# Честото приклучување и исклучување на мобилниот телефон го намалува животниот век на батеријата
Уште една заблуда. Точно е дека животниот век на батеријата содржи одреден број на циклуси на полнење, но и еден циклус може да се состои од неколку поединечни полнења.
# Секогаш максимално наполнете го мобилниот уред
Неточно, оптималното ниво на полнење се движи помеѓу 30 и 70%. За зачувување на батеријата подобро е да се полни во неколку пократки временски интервали, отколку секогаш до максимални 100%.
Може да ве интересира:
Постојано ти е празна батеријата на мобилниот? Решението е овде!