Постојано ти е празна батеријата на мобилниот? Решението е овде!
Овие совети ќе ти го продолжат рокот на траење на твојата батерија.
Тешко е да го замислиме денот без нашите паметни телефони. За да не се најдеш повеќе во ситуација да ти се потроши батеријата кога ти е најпотреба, ти носиме неколку совети:
# Полни го почесто, но пократко – кој не го остава мобилниот на полење преку цела ноќ? Но, изгледа дека тоа не е најдобро решение за твојата батерија. За да има подолг век, носи го полначот со себе и полни ја батеријата почесто, но временски пократко.
# Немој да дозволиш да ти се исклучи – некогаш не можеме да си помогнеме и немаме полнач при рака и мобилниот ни се исклучува кога ни е најпотребен. Судејќи по истражувањето кое е направено е кобно за батеријата. Доколку немаш полнач при рака, прашај некој и немој да дозволиш твојот мобилен да се исклучи.
# Процентот нека биде помеѓу 65 и 75 проценти – најсреќни сме кога процентот на батеријата е 100, но би те изнанадило дека за долговечноста на батеријата најдобро е да биде помеѓу 65 и 75 проценти.
# Никогаш немој да го полниш мобилниот до крај – модерните литиумски батерии не треба да се полнат до крај. Високиот напон не е добар за батеријата.