Петтоодделенката Барбара од Прилеп во домашната изолација изработува преубави Велигденски декорации
Петтоодделенката Барбара Зероска од ООУ „Блаже Конески“ од Прилеп, го прифати предизвикот на Хаштаг, и ни покажа како го украси својот дом за Велигденските празници.
Таа вели дека #седидoма и ги почитува мерките за заштита од коронавирусот, и дека едвај чека да помине ова време-невреме бидејќи: #МиНедостасува да ги гушнам моите најсакани братучеди, да возам ролерки, како и да си играм со другарчињата на улица.
- Среќни празници и многу здравје- порачува 11-годишната Барбара.