PewDiePie ја надмина бројката од 80 милиони сабскрајбери на Јутјуб!

PewDiePie ја надмина бројката од 80 милиони сабскрајбери на Јутјуб!

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Каналот на шведската јутјуб ѕвезда PewDiePie стана првиот канал на Jутјуб кој ја надмина бројката од 80 милиони сабскрајбери и со тоа го надмина контроверзниот индиски канал T-series.

PewDiePiе го држеше првото место на Јутјуб уште од 2003 година, но последниве месеци се соочи со огромна конкуренција - каналот T-series, пишува Independent.

Индискиот канал, кој ги следи боливудските филмски ѕвезди и музички спотови, во септември минатата година го надмина PewDiePie во бројката на следбеници, но кампањата на јутјуберот и неговата армија обожаватели му помогнаа да го задржи првото место.

Некои обожаватели на PewDiePie отидоа толку далеку за да го задржат на првото место па смислија и герилска рекламна кампања за да го промовираат неговиот канал. Популатноста на T-series каналот порасна заедно со порастот на интернет популацијата во Индија, но нејзинт пораст се покажа како контроверзен во некои делови од Јутјуб заедницата.

Некои мислат дека со победата на T-series, Јутјуб ќе стане огромна корпоративна платформа, а тоа дефинитивно никој не го посакува. „Навистина го сакам T-series, искрено не знам што би рекол, но мислам дека ако Јутјуб се промени и стане корпоративен нешто друго ќе го завземе неговото место. Мислам дека луѓето уживаат во оваа поврзаност со јутјуберите и мислам дека нешто друго ќе се појави ако Јутјуб не биде она што е,“, изјави PewDiePie.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: