PewDiePie ја нападна Tana Mongeau: Не ја заслужи наградата
Пред неколку дена најави пауза во 2020 година, но пред да го започне тоа, имаше уште нешто да порача...
Може да се каже дека PewDiePie не реагираше најдобро на веста дека Tana Mongeau ја освои наградата Streamy за Јутјуб креатор на годината пред David Dobrika, Emme Chamberlain и Lily Singh.
„Кога Tana рече: 'Јас не заслужувам награда', сите го почувствувавме тоа“, ја започна познатиот јутјубер својата приказна во своето видео кое го објави. Видеото досега е погледнато повеќе од пет милиони пати. PewDiePie потоа се потсмеваше и на начинот на кој Тара ја прими својата награда за креатор на годината.
„Толку е скромна, не се чувствува како креатор на годината, баш е приземна, таа е токму како нас - не, не ја заслужуваш наградата, затоа така се чувствуваш.“ - прокоментира саркастично.
PewDiePie цело време објаснуваше дека ова не е „ранг“ на Tara, туку дека ова го зборува само поради тоа што знае како функционираат овие доделувања на награди.
„Сето тоа е политика, се базира на тоа кој е таму“ - објасни јутјуберот и своето видео го заврши на начин што кажа дека MrBeast, неговиот пријател, кој исто така беше номиниран, повеќе за заслужува наградата од неа.