Пинк ги прозва родителите на младите јутјубери: Ги искористувате своите деца заради популарност
Колку и да изгледаат слатки и интересни „семејните“ профили на Јутјуб, на крајот изгледа повеќе како родителите да ги користат своите деца за популарност. Главно, многу луѓе почнуваат да ги снимаат влогови со децата за да го следат нивното растење, но на крајот тоа се претвора во нешто сосема друго. Изгледа дека на пејачката Пинк и здодеа да гледа такви работи, па затоа „удри“ по родителите на малолетниците, посочувајќи им да не ги искористуваат заради популарност!
Пред два дена, Пинк на Твитер, јавно ги прозва родителите на јутјуберката Пајпер Рокел, која неодамна наполни 14 години. „Колку родителите ги експлоатираат децата како Пајпер Рокел? И во кој момент ние другите ќе кажеме: Не е во ред дете од 13 години да позира во бикини додека мајката фотографира?!?!“ - таа напиша.
Пајпер не се согласи со ова обвинување. „Првото нешто што сакам сите да го знаат е дека мајка ми не ме тера да ги правам овие работи. Напротив, јас сум дете кое имаше сон и мајка ми е доволно кул за да ми помогне да го остварам. Мислам дека Пинк никогаш не погледнала некое од моите видеа, бидејќи ќе види дека јас само се забавувам со пријателите“ - ѝ одговори младата јутјуберка на Пинк.