Пиплантри - индиско село во кое се садат 111 стебла секој пат кога ќе се роди девојче
Кога му умрела ќерката, Сајам Сундар Паливал сакал да ги поттикне жителите на селото во Раџистан да слават и да ги почитуваат своите ќерка, па ја поттикнал иницијативата за садење стебла, која освен промовирањето на рамноправноста ја поттикнала и економијата во овој регион.
Во земјата каде што повеќе се слави раѓањето на момчињата, отколку девојчињата, малото село Пиплантри нуди освежувачка перспектива во желба да се променат втемелени ставови. Наместо традицијата на купување на кукли за новорените девојчиња, во ова место во Раџистан се садат 111 стебла секој пат кога ќе се роди девојче. Селаните се здружени и заедно донираат пари за да помогнат во садењето на стебла, кои ќе обезбедат храна за детето и неговото семејство.
Оваа иницијатива ја започнал Сајам Сундар Паливал, поранешниот лидер на ова индиско село, кога поради болест ја изгубил својата ќерка Киран.
„Тоа ме наведе да ја започнам новата иницијатива и да ги сочуваме женските деца родени во ова село“ - рече за MailOnlineTravel.
За да ги освести своите соселани да го негуваат животот на девојчињата и да го прославуваат нивното раѓање, во 2006 година преземал неверојатни мерки.
Паливал ја спровел иницијативата за садење на 111 стебла за да се прославува раѓањето на секое ново девојче во селото.
Жителите на селото садат дрва, а заедницата се грижи дрвата да преживеат и да растат, пишува Хинду.
Тие со собираат 21.000 рупии, а покрај добиените додаваат уште 10.000 рупии од семејството на девојчето, па тоа се вкупно 31.000 рупии кои се чуваат како фиксен депозит за девојката.
Родителите на девојчето, освен што ќе засадат дрва за својата новородена ќерка, потпишуваат и законска изјава дека нивната ќерка ќе добие целосно образование и дека нема да се мажи пред да наполни 18 години.
За додатно да ја објасни својата иницијатива, Паливал додава дека секоја година во Пиплантири се раѓаат околу 60 девојчиња, но дека во повеќето случаеви, родителите со незадоволство ги прифаќаат женските деца, затоа што ги сметаат за помалку вредни.
Поради тоа оваа идеја за садење дрва е одличен начин да се охрабрат семејствата да го прославуваат раѓањето на женските деца и да се борат против длабоко вкоренетите култури на абортус во оваа земја.
Десет години подоцна, оваа идеја напредува. Во селото се засадени повеќе врсти на дрва, кои започнале да му носат прихот.