Пиштоли, пушки, ракетни фрлачи: Што сѐ е пронајдено во тајниот бункер во куќата на стравот на Веља Невоља?

Пиштоли, пушки, ракетни фрлачи: Што сѐ е пронајдено во тајниот бункер во куќата на стравот на Веља Невоља?

Објавена во: Живот // Живот

Пиштоли, пушки, ракетни фрлачи... во тајниот бункер во викендицата на Вељко Беливук попознат како Веља Невоља пронајдени се скоро 100 парчиња различно оружје, дознава „Блиц“.

Според информациите кои ги поседуваат, откако полицијата го открила тајниот бункер во викендицата на Веља Невоља во која се сомневаат дека убил најмалку три личности, пронајдени се повеќе различни оружја кои овој клан ги користел за кривични дела.

„Во куќата во Ритопек, помеѓу остантото, пронајдени се неколку снајперски пушки, скоро 30 пиштоли. Исто толку автоматски и полуавтоматски пушки од кои неколку се со пригушувачи и оптички нишани“ - откри извор запознаен со случајот за „Блиц“.

Покрај ова оружје, Беливук криел и експлозив, а понатамошната истрага ќе покаже дали таков вид на ескплозив е користен во ликвидациите на територија на Србија.

„Во шталата на Беливук беа откриени околу 10 килограми пластичен експлозив, како и две експлозивни направи со далечински управувач и пластичен експлозив. Беливук криел и неколку рачни гранати во Ритопек, како и рачен ракетен фрлач со гранати“ - додава изворот.

Покрај ова, како што пишува „Блиц“, истражителите пронашле индустриска машина за мелење месо во тајна просторија во близина на подрумот, а сега постои основано сомнение дека Беливук и Миjковиќ ги мелеле своите жртви.

Според неофицијални обвинувања, тајната соба што ги криела најмрачните тајни на групата на Беливук се наоѓа помеѓу подрумот и собите. Извор на „Блиц“ претходно изјави дека е „закопана“ и дека во неа се влегува низ подот на куќата.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: