Платформата се тестира и во 19 часот: Учениците збунети, наставниците со извинување
По вчерашното „паѓање“ на Националната платформа за учење на далечина и неодржаниот пробен час, дел од наставниците и професорите се одлучија за повторно да се обидат да стапат во контакт со своите ученици.
Во попладневните часови беа закажани истите, а бидејќи платформата не беше многу оптеретена многу ученици успеаа да се поврзат и да ги слушнат своите наставници и професори.
Оние помладите ученици со помош на своите родители се приклучуваа на пробниот час и малку збунети од новиот начин на комуникација, внимателно ги слушаа своите наставници кои се трудеа на поедноставен начин да им објаснат како функционира платформата.
До 1 октомври секојдневно истите ќе мора да се приклучуваат во одреден термин, кој е организиран и предложен од Министерството за образование и наука, а се со цел за да се истестира функционалноста на платформата.
За потсетување, стартот на учебната година е закажан за два дена.
Може да ве интересира:
Родителите лути, децата збунети: Од каде пари за да се купи потребниот уред за следење на наставата од далечина?