По 794 денови мало момче ја победи леукемијата: Невидена среќа за семејството (ВИДЕО)
Мало момче го освои интернетот со својата реакција по примањето на последната доза хемотерапија. Тоа со своето семејство ја прослави победата над леукемијата.
Среќното видео го сподели таткото на момчето. Во него е прикажан моментот во кој момчето му трча во прегратки, а како изгледаше сето тоа погледнете во видеото во продолжение.
„На 20 август 2020 година на нашиот 2-годишен син Џони му беше дијагностицирана леукемија. Изминатите 794 дена не беа ништо друго освен кошмар. Денес, прославуваме… Џони ГО ПОБЕДИ РАКОТ!
„Ова беше долг пат кој ни едно дете или семејство не треба никогаш да го помине… До нашиот син Џони… Ти господине си апсолутна легенда. Те сакаме многу“ – напиша неговиот татко покрај видеото.
фото: Принтскрин / Инстаграм