По големата криза ужива со своите деца: Популарната Хурем покажа дел од раскошната прослава за 2-риот роденден на ќерката (ФОТО)
Се прослави со улогата на султанката Хурем, а потоа нејзиниот живот го одбележа еден голем пад...
Турската актерка Мерјем Узерли, попозната како султанката Хурем од популарната серија „Величенствениот“, од првиот момент кога се појави на малите екрани, ги освои срцата на публиката.
Популарната Хурем, како што и понатаму ја нарекуваат обожавателите, по големата популарност и успех, не успеа да се носи со тоа, па помина низ голема криза пред раѓањето на првото дете. Нејзиниот тогашен вереник ја убедувал и да абортира, но Хурем сепак го издржала притисокот и ја родила ќерката Лара.
Пред две години, актерката доби уште една ќерка, меѓутоа името на нејзиниот татко никогаш не ѝ го откри на јавноста, а сега со семејството го прослави роденденот на малата Лили Кои.
Фотографиите од забавата ги сподели на Инстаграм, а судејќи по насмевките, убавата актерка не била никогаш посреќна.
Инаку, многу се пишуваше за нејзиниот друг партнер, а се претпоставува дека станува збор за актерот Чаглар Ертугрул, кој наводно е татко на нејзината втора ќерка. Меѓутоа, ниту тој, ниту таа сакаа да се огласуваат, па така сѐ остана на претпоставките.
фото: Принтскрин / Инстаграм / Јутјуб