По Мајли Сајрус и Деми Ловато тврди дека има вонземјани: Посочи дека има докази за тоа

По Мајли Сајрус и Деми Ловато тврди дека има вонземјани: Посочи дека има докази за тоа

Објавена во: Stars // Музика

Како да се преболи разделбата? Многумина тоа го решаваа така што се насочуваат на некоја работа, а Деми има навистина интересно решение, кое се сведува на бркање вонземјани! Иако се уште не постои ниту еден единствен доказ дека во универзумот постои било кој друг освен нас, Деми е оптимистична кога станува збор за пронаоѓањето на интелигентен живот надвор од планетата Земја.

Таа сподели видеото од небото на својот Инстаграм профил и ги изненади сите. „Последните неколку дена ги поминувам во националниот парк со мала група на најблиски и научници.“ - напиша таа. „Во последните неколку месеци длабоко се впуштив во науката и го искусив мирот и спокојот за кој не знаев, но исто така присуствував на неверојатни работи на небото, но и околу мене.“


„Оваа планета е на негативен пат кон уништување, доколку ние не ја промениме. Доколку само еден процент од популацијата медитира и оствари конктакт, ќе ги натераме нашите влади да ја признаат вистината за вонземјаните помеѓу нас и да ги променат нашите деструктивни навики. Постојат докази на ѕвезденото небо над пустината што мора да се откријат.“

Деми ги советува своите обожаватели да ја преземат апликацијата на своите телефони и да се вклучат во потрагата, но ние навистина не би ја рекламирале, бидејќи истата се наплаќа 10 евра и практично не ви нуди ништо, освен што ве убедува дека за момент ќе пронајдете вонземјани. Со можност дека грешиме, навистина не веруваме во зборовите на Деми, бидејќи не ни е јасно како било која Влада, па и америкнката би била во состојба да сокрива вонземјани сите овие години. Но, доколку ваквите работи ѝ помагаат да се опушти, тогаш само напред.

Може да ве интересира:

Ме гледаше во очи, мислев ќе се врати: Мајли Сајрус тврди дека видела вонземјанин

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: