По одличниот настап во „Ѕвездите на Гранд“, Славица ја делеше сцената со Јелена Томашевиќ: Струмичани уживаа во изведбата на „Златни дан“
Младата струмичка Славица Ангелова минатата сабота се претстави на голема сцена на „Гранд“. Ги воодушеви сите со нејзиниот настап, а воедно беше и првиот кандидат за оваа сезона кој ги доби сите осум гласови од жирито и си доби заслужен громогласен аплауз.
Сега, една недела по овој настан, Славица повторно ги направи горди своите сограѓани. Имено, вчера во Струмица свој солистички концерт имаше српската пејачка Јелена Томашевиќ, која ја повика Славица на сцената за заедно да ја изведат безвременската балада „Златни дан“.
Како родена за сцена, без грам трема, Славица го отпеа својот дел, по што струмичани ја поздравија со громогласен аплауз.
Видеата од нивниот заеднички настап може да ги најдете на стори на Инстаграм профилот на Славица.
фото: Принтскрин / Инстаграм