По ова никогаш повеќе нема да ги сушиш рацете на апаратите во јавните тоалети: Еве каков воздух има во нив
Подобро е никогаш да не го видовме ова...
Сите знаеме дека јавните тоалети, како и оние во кафулињата, не се најчистите на светот и дека таму има бактерии. Затоа секогаш сме внимателни, внимаваме што помалку да доаѓаме во допир со било што, но и добро да ги измиеме рацете. И да ги исушиме. По ова видео, сигурни сме дека повеќе нема да ги сушиш.
На социјните мрежи започна една мала шега која на сите им изгледаше забавна. Досега. Имено, девојките кои го имаат популарниот Dyson уред за виткање на косата постојано зборуваат за него, сите го фалат, покажуваат каква фризура прават со него... Дефинитивно стана најпопуларен уред за стилизирање на косата. Единствена барикада која ни стои на патот до него е цената, која не е за оние со послабо срце.
И така девојките почнаа да се шегуваат и да се снимаат како ја ставаат косата во апаратот за сушење раце, кој можеш да го видиш во јавните тоалети и дека тој може да им направи иста фризура како Dyson. Секако, сето ова е шега, кој сметаме дека сега ќе престане. Едно видео кое стана вирално покажува колку се всушност „чисти“ ваквите уреди за сушење раце, поточно воздух кој дува.
@madeleinemuaa #stitch with @kiingliima #greenscreen Idk if I would #dyson #LaysGoldenDuet original sound - madeleinemua
Иако во видеото е тип на уред во кој се ставаат раце, ист е воздухот како кај оние кои го дуваат воздухот надоле. Еден студент по микробиологија зел примерок од воздух од таков уред за да го тестира во лабораторија и да види колку бактерии има. По 48 часа, примерот изгледал како што може да видите на видеото. Иако рацете по сушењето ги миете уште кој знае колку пати, некои девојка знаат да ја ставата косата под такви уреди или облеката ако случајно се намокри или извалка, па потоа откако ќе ја измијат со вода ја сушат на овие апарати. Под овој апарати се суши сè освен рацето и еве што останува на твојата коса или облека. Сметаме дека отсега ќе ги избегнувате.
фото: TikTok – madeleinemuaa; Stanislaw Mikulski / Shutterstock