По повеќе од 20 години ставија крај на врската: Како зборуваа за својата љубов Данијела Мартиновиќ и Петар Грашо?

По повеќе од 20 години ставија крај на врската: Како зборуваа за својата љубов Данијела Мартиновиќ и Петар Грашо?

Објавена во: Живот // Живот

Интересна љубовна приказна имаа пејачите Данијела Мартиновиќ и Петар Грашо, кои на врската од повеќе од 20 години ставија крај. 

Деновиве нивната разделбата е главна тема во сите медиуми, а веќе што зборуваа тие за својата љубов.

Во една прилика, Данијела изјави дека нивната љубов се случила на 25 - ти поглед.

„Нашата прва средба беше како на нем филм. Петар тогаш го имаше својот прв инструментален настап во групата „Магазин“, каде што јас пеев. Искри помеѓу нас се појавија неколку месеци од таа „свирка“, по многу наши заеднички разговори и откако стекнавме доверба еден во друг. Ние имавме љубов на 25 - ти поглед“ - изјави хрватската ѕвезда.

Иако нивната љубов трае долги години, тие никогаш не размислувале за брак.

„Во денешно време, кога пукаат половина од браковите, лицемерно е да мисли дека мажот е потполн само ако се ожени. Човекот е комплетен ако навистина го сака оној со кој живее, оној кој го љуби и го гали и кога нивниот однос е стабилен. Никој не може да влијае на вашата одлука дали сакате да стапите во брак или не. Но, како што поминуваат годините, за мене тоа прашање полека ја губи смислата“ - изјавил своевремено Петар Грашо за хрватските медиуми. 


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: