По стапките на Кардашијан: Чарли и Дикси Ди Амелио ќе добијат реално шоу

По стапките на Кардашијан: Чарли и Дикси Ди Амелио ќе добијат реално шоу

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Чарли и Дикси Ди Амелио потсетуваат на семејството Кардашијан - Џенер по тоа што и двете во слично време станаа ѕвезди на ТикТок, па така се разви „сестринскиот“, односно „семејниот бизнис“. Девојките слободно може од своето семејство да направат бренд, а како што кажува нивниот последен чекор, очигледно е дека тоа им е во план и Ди Амелио ќе имаат можност да бидат она што се Кардашијан, бидејќи девојките ќе добијат свое реално шоу.

Имено, Кардашијан - Џенер одлучија по многу години на каналот Е! од финансиски причини да го напуштат шоуто и своето реално шоу да го префрлат на ТВ Хулу. Оваа телевизија очигледно е дека планира да развива бизнис од реалните семејни шоуа, бидејќи објави и дека Чарли и Дикси Ди Амелио ќе добијат шоу од 8 епизоди во кои ќе се појави целото нивни семејство.

Таткото на Чарли и Дикси, Марк Ди Амелио веќе изјави дека ова е прекрасна можност за нивното семејство: „Возбудени сме што Хулу ќе ги прикаже нашите животи зад сцената. Секогаш бевме блиско семејство, но сега се зближивме уште повеќе. Многу луѓе не проценуваат на основа на кратките видеа од неколку секунди или минути. Ова е можност да не запознаат од многу поблиску и да го видат она што на социјалните мрежи не се гледа.“

Чарли поради своето однесување кон персоналот изгуби милион следбеници преку ноќ, иако за кратко дојде до посакуваната бројка од 100 милиони, што очигледно е дека на јавноста брзо и спласнаа фрустрациите. Дали семејството ќе прави уште вакви грешки или се вразуми, останува д авидиме. Дали вие ќе го следите семејството Ди Амелио?


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: