Победници на „Ѕвездите на Гранд“ од кои нема ни трага ни глас: Заблескаа во натпреварувањето, но популарноста брзо им згасна
Помеѓу нив има и еден Македонец...
Финалето на овогодинешната сезона од натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“ се одржа во саботата, а победата ја однесе Нермин Ханџиќ, на кој ментор му беше пејачката Вики Миљковиќ.
Ова натпреварување на многу кандидати им го отвори патот кон ѕвездите, додека некои од нив не успеаја да ги искористат своите пет минути.
Радмила Манојловиќ, Милица Павловиќ, Дарко Лазиќ, се само некои од имињата на кои „Ѕвездите на Гранд“ им помогна да направат големи кариери.
Меѓутоа, постојат и такви кои ја однесоа титулата „Ѕвезда на Гранд“, но досега уште немаат направено голема кариера.
# Дарко Мартиновиќ
Дарко во натпреварувањето победи во шестата сезона. Тој за тронот се бореше со Алекса Раденковиќ, од кој доби повеќе гласови од публиката.
По победата исчезна од музиката сцена на некое време. Интересно е да се додаде дека токму со него во група беа и Милица Павловиќ, Андреана Чекиќ и Надица Адемов, кои направија големи кариери.
# Душан Свилар
Победник на третата сезона на натпреварувањето беше Душан Свилар, кој ги освои симпатиите на публиката. Душа по ова натпреварување во неколку наврати конкурираше за претставник на Србија на Евровизија, но во тоа не успеа.
Освен тоа, одлучи да се посвети на друг жанр музика, па се запиша на соло пеење и продолжи да пее класична музика.
# Стефан Петрушиќ
Победник на петтата сезона од ова натпреварување беше Стефан. Во суперфиналето ја победи Ивана Павковиќ, која заврши како второпласирана.
Неколку години подоцна, Стефан се најде во улога на водител на ова натпреварување, но во пејачките води не се истакна.
# Ристе Ристески
Победникот на 12-тата сезона беше Македонецот Ристе Ристески. Тој во завршницата се „бореше“ со Армин Дедиќ, од кој имаше неколку илјади гласови повеќе.
Ристе во текот на натпреварувањето добиваше многу комплименти и жирито го окарактеризира како наследник на Тоше Проески, меѓутоа, Ристе не ни започна кариера.
# Махир Мулалиќ
Победник на минатогодишната сезона беше Махир, кој беше под менторска палка на Марија Шерифовиќ.
Недолго по завршувањето на натпреварување имаше незгода. Имено, тој ја изгуби статуетката, која ја доби за време на прогласувањето.
Исто така, издаде сингл со кој требаше да ја започне големата кариера, но истиот помина незабележително.