Почна сезонското намалување во Fashion Group: Пронајдете ги вашите фаворити!

Почна сезонското намалување во Fashion Group: Пронајдете ги вашите фаворити!

Објавена во: После „Школо“ // PR

Веројатно доволно беше да го прочитате насловот и да сфатите дека Новата година е сè поблиску, со оглед на тоа што сезонските намалувања секогаш толку неодоливо не потсетуваат на празниците.

Почнувајќи од денеска, 17 – ти декември, официјално ги означуваме среќните денови за започнати, време кога ќе си ги набавите сите омилени парчиња на кои секогаш моравте да заборавите, овојпат, по одлични цени https://bit.ly/2Wm1CIb.

Токму ваквите намалувања секогаш асоцираат на една топла празнична атмосфера во која секоја година бевме вљубени, но овојпат, во малку поинакво издание, но со подеднаква магија која со себе секогаш носи возбуда.

Сезонското намалување за селектирани брендови од понудата на Fashion Group, официјално започнува од денеска, па без двоумење, одвојте време од денот за да ги посетите вашите омилени продавници или да направите нарачка онлајн.

Она што е важно да се спомене е тоа што во продавниците на брендовите од исклучителна важност се препораките за заштита и превенција од Ковид-19, па истите постојано се дезинфицираат, а вработените се со соодветна заштитна опрема.

За сите оние пак кои ужуваат во магијата на својот дома за празниците, искористите ги овие намалувања за да направите нарачка онлајн и да ги израдувате сите членови од вашето семејство, овојпат, во грижливо спакувана и дизајнирана празнична кутија.

Сега е совршениот момент да ги разубавите зимските комбинации со нов и стилски капут или со чизмите на кои никогаш не можевте да им одолеете. Не двоумете се и надополнете ја гардеробата и со парчиња на кои ќе им се радувате во првите пролетни денови, кои со себе секогаш носат прекрасни промени.

Уживајте во безвременските парчиња и купете го омилениот црн фустан како класик за кој знаете дека секогаш ќе ви послужи, а момците пак, нека инвестираат во стилска јакна и чизми за кои и самите знаат дека се и повеќе од вредни.

Нека овие празници бидат постилски од кога и да е, разгалете се себе со најубавите подароци, но израдувајте ги и најблиските со парчињата од брендовите на Fashion Group, од денеска, со неодоливо намалени цени!

* ПР - објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: