Почнал да победува на 4 години, сега има 8 и го држи рекордот за најбрзи удари: Спартак е чудо од дете

Почнал да победува на 4 години, сега има 8 и го држи рекордот за најбрзи удари: Спартак е чудо од дете

Сонува да стане олимписки шампион во ММА дисциплината, а неговиот тренер му предвидува светска кариера...

Осумгодишниот Спартак Попов моментално го држи рекордот за најбрзи удари. Тој успеал 100 пати да удри кукла за 12,50 секунди.

Тренерот на Спартак, Арман Асојан истакна дека детето е природно надарено.

„Само ги насочивме сите овие вештини, работевме на нив и го мотивиравме да оди напред. Сето тоа резултираше со многу добар успех. Ова е сега основа. Не застануваме тука. Темелите се поставени, одиме понатаму. Тој ќе стане интересен спортист кој ќе може да се натпреварува на светско ниво“ - објасни тренерот.

Момчето почнало да тренира на 3 години, а веќе на 4 почнало да се натпреварува.

Иван Попов, таткото на Спартак објасни како воопшто дошол на идеја да го испрати синот на натпреварување.

„Случајно. На интернет ја најдов „Руската книга на рекорди“. Се најавив и го регистрирав детето. Спартак најверојатно повеќе и не се сеќава на тоа. Имаше 4 години, кога го освои првиот рекорд за сквотови. Сквотирал 61 пат во една минута“ - горда кажа таткото на момчето.

Сонот на Спартак е да стане олимписки ММА шампион, а тренерот му предвидува светска кариера.


фото: Принтскрин

Можеби ќе ве интересира: