Погоди девојка од публика со микрофон бидејќи ја испрскала со пијалак и сега е во проблем: Против Карди Би е покрената кривична постапка (ВИДЕО)
Пејачката Карди Би имаше инцидент на последниот настап пред неколку дена во Лас Вегас, кога откако девојка од публиката ја полила со пијалак, таа фрлила микрофон кон неа.
Оваа девојка веднаш од концертот отишла во полициска станица каде побарала помош од надлежните. Како што сега пишуваат странските медиуми, Карди е во голем проблем со оглед на тоа што ја третираат како осомничена за нападот.
Се додека официјално не биде прогласена за виновна, пејачката останува само осомничена, пишува „TMZ“. Сè уште нема приведувања или апсења, а претставниците и соработниците на познатата раперка продолжуваат мудро да молчат за се.
За потсетување, ова не е прв пат Карди да одлучи да го користи микрофонот за нешто друго освен за пеење: таа вечерта пред овој настап се изнервирала во клуб кога диџејот прекина една нејзина песна, а потоа и го фрли микрофонот кон него.
Обожавателите наводно чекале Карди Би да го започне овој контроверзен настап речиси два часа и тоа на температура од 45 степени, па се верува дека тоа е можеби причината за овој инцидент, иако, се разбира, нема причина што би го оправдала нејзиниот потег.
Фото:screenshot