Покажа како реално изгледа кожата на 17-годишна девојка: Чарли Д'Амелио објави фотки без шминка
Нема проблем да објавува вакви фотографии...
Што се крие за словеите шминка? Ако може Чарли да се појави без шминка пред повеќе од 47 милиони следбеници, можеш и ти! Во последните неколку објави таа фокусот го стави на своето лице.
Акните, црвенилото или иритацијата на кожата се нормални, особено во пубертетот. Среќни се оние кои тогаш имаш чиста кожа. Сите останати се борат со неправилностите на сите можни начини и ги кријат од погледите на луѓето со кои се среќаваат. Оние кои имаат акни или мозолчиња нема да се чувствуваат толку удобно во своја коажа, а тоа чувство ѝ е добро познато и на Чарли Д'Амелио. Иако сме навикнати да ја гледаме во уредно издание, па дури и кога изгледа како да нема шминка - всушност има. Таа не ја крие својата љубов кон шминката и секогаш има сладок мејкап.
Парли е професионалец во создавањето на „no makeup“ изгледот. Но, има денови кога и таа не се шминка. Во последните неколку објави кои ги сподели на Инстаграм, на сите им покажа како всушност изгледа нејзиното лице. И не е толку чисто како што мислевте. И Чарли се бори со акните, што е нормално, бидејќи таа има 17 години и тоа е период од животот кога сечија кожа има „испади“ и се однесува „лудо“.
Фотографиите кои ги објави без шминка се добра порака до сите млади кои ги мачи и проблемот со лошиот тен. Ако Чарли може да ги покаже акните на своите 47 милиони следбеници, и вие можете да одите на училиште без срам или без да ставите неколку слоеви пудра.
На луѓето им е драго што толку позната личност помеѓу младите е подготвена да објави ваква реална фотографија, без никакви филтри и уредување. Дури и самата Чарли одговори на една таква објава на Твитер: „Ми требаше долго време да почнам да се чувствувам удобно во сопствената кожа, но јас изгледам така. Шминката може само малку да помогне. Треба да имам самодоверба и да научам да ја сакам секоја „Мана“ што ја имам и што ме прави единствена и посебна на свој начин“.
I think it’s really nice that Charli D’Amelio doesn’t edit out her acne!! pic.twitter.com/2CqwJjN01j
— Kat Tenbarge (@kattenbarge) February 22, 2022
Многумина забораваат дека Чарли е тинејџерка и дека има само 17 години и дека се бори со истите проблеми како секој тинејџер. Ваквите фотографии без шминка и уредување, секако не ѝ се омилени за објавување, но сепак го прави тоа, бидејќи знае дкеа ја следат многу нејзини врсници кои се борат со истиот проблем.
фото: Принтскрин / Инстаграм / @charlidamelio