Полицијата уапси професорка која дома вакцинирала ученик иако немала дозвола за тоа

Полицијата уапси професорка која дома вакцинирала ученик иако немала дозвола за тоа

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Професорката Лора Русо од Њујорк, која вакцинирала ученик и покрај тоа што нема никакви медицински квалификации е уапсена.

Таа вакцинирала 17-годишен ученик во својот дом иако немала никаква легална основа за давање вакцина, ниту одобрување од родителите. Русо, која предава биологија, е уапсена и ѝ се закануваат до четири години затвор доколку биде осудена. Не се знае како Русо дошла до вакцината и за која вакцина станува збор. Во моментов вакцината на Бајонтек/Фајзер е единствената одобрена за лица помлади од 18 години. Се појави и снимка од спорното вакцинирање, на која Русо пред вакцинирањето му кажува на ученикот: „Ќе бидеш добро, се надевам“.


Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: