Попова Шапка најевтино место за скијање во Европа
Платформата за резервации Travelcircus го смести македонскиот зимски туристички центар Попова Шапка меѓу десетте најевтини туристички дестинации за скијање во Европа, пренесува германски „Велт“.
„Ски-празниците не секогаш мора да бидат скапи. Ние ќе ви покажеме каде да се обратите за евтин скијачки одмор во Европа и каде што најмногу може да се добие од соодносот на цена и квалитет. Зимски пејзажи, планинска панорама и километри за трчање под светло сино небо.Скијањето е скапо - но за среќа не насекаде во Европа. Платформата за резервации Travelcircus размислуваше за тоа и ги утврди десетте скијачки центри со најдобри показатели за цена и перформанси“, пишува „Велт“.
За туристичкиот бисер на Шар Планина е пресметано дека за цена од 39 евра дневно може да се плати билет за ски-лифт, да се изнајми опрема и да се престојува во хотел.
„Не е само забавно по разумна цена, но исто така има и многу сончеви зраци бесплатно. Многуте сончеви денови и удобните падини во должина од 20 километри за семејна прошетка од 1947 година ги привлекуваат фановите на зимските спортови на северот од Македонија“, се вели во изборот.
Попова Шапка е најевтин избор меѓу сите останати, како што се Буковел (57 евра) и Драгобрат (48 евра) од Украина, Грандвалира (97 евра) од Андора, Порт ду Солеил (118 евра) и Троа Вале (121 евра) од Франција, Фолгарида Марилева ( 102 евра) од Италија, Рука (106 евра) од Финска, Роза Хутор (58 евра) од Русија и Матерхорн (150 евра) од Швајцарија.
Целиот текст прочитајте го на Фактор.