Популарниот ТикТокер тврди дека брутално е претепан во Црна Гора: Објави фотографија од целосно изобличеното лице (ФОТО)
Црногорскиот ТикТокер Кристиан Меденица, доживеал страшно насилство, откако на улица бил нападнат од неколку момчиња, а за сето ова ги извести своите следбеници на Инстаграм.
Кристиан на Инстаграм сподели фотографија на која се гледа дека е претепан и има сериозни повреди на лицето, со објаснување за тоа што се случило. Како што наведе, него го нападнале и ограбиле три момчиња.
„Вечерва ме нападна група момчиња, знаеја кој сум. Ми придоа и почнаа да ме провоцираат, а јас не сум некој што молчи на било што и не се давам. Најверојатно можев да поминам без сето ова доколку премолчев, но не го направив тоа. Ми ја земаа чантата со паричникот, парите, сите картички, личната карта и телефонот“ - започна ТикТокерот.
„Го земав телефонот на другарка ми за да ве известам и да ги променам лозинките. Не знам дали ќе имаат пристап до моите работа, но ако било какви чудни пораки се појават, знајте дека не се од мене. Извинете, ве молам“ - напиша Кристиан и додаде дека не се кае што не молчел на упатените навреди и провокации.
Нешто подоцна, ТикТокерот повторно се огласи и ги замоли следбениците за помош.
„Откако почнав да се занимавам со шминкањето пред пет години, никогаш во животот немам побарано помош од никој. Луѓето околу ми одмагаа и ме сопираа, но сега со гордост можам да кажам дека сѐ правам сам. Со ваша поддршка секако на секое мое видео и туторијал. Но, да прашаш за помош не е срамота. Освен што се здобив со повреди, ми земаа 800 евра, телефон од 1.500 евра, и сите лични документи. морам да ги откажам сите термини, да извадам повторно документи, да купам нов телефон, а скоро вложив многу во преместување на салон за шминкање. Накратко, ако сакате и сте во можност да ме поддржите во овој тежок период, благодарем сум за сѐ“ - напиша ова момче и во прилог ја стави популарната платформа за уплаќање донации на сметка.
фото: Принтскрин / Инстаграм