Поради ќерката на Мила Јововиќ сите велат дека српските гени се чудо: Има машко име, а првата улога ја добила на 11 години (ФОТО)
Ќерката на Мила Јововиќ успеа да го украде вниманието на Филскиот фестивал во Кан и многумина велат дека кога е убавината во прашање, ја има надминато и родената мајка...
Познатата актерка со српско-украинско потекло, Мила Јововиќ пред неколку дена се појави на amfAR Gala во Кан во прекрасно издание. Во раскошниот фустан од украинскиот бренд „Lever Couture“ игледаше како принцеза, меѓутоа, на овој хуманитарен настан не се појави сама.
Со неа беше и нејзината најстара ќерка, Евер Габо, а ова беше едно од нивните ретки заеднички појавувања на црвениот килим. Убавата тинејџерка го украде вниманието на сите присутни, и сите коментираа дека Евер е копија на мајка ѝ.
Убавата тинејџерка позираше во краток жолт фустан со светки и чевли на ниска потпетица, додека косата ѝ беше благо извиткана.
Од моментот кога фотографиите од престижниот настан се појавија на социјалните мрежи, многумина се прашуваа дали гледаат во ќерката на Мила или во актерката од младите денови, бидејќи сличноста помеѓу нив е неверојатна.
Инаку, Евер Габо наскоро ќе наполни 15 години, а оваа тинејџерка веќе одлучи да ги следи стапките на својата мајка. Првите филмски ангажмани ги доби на 11 години и тоа во два хита - во „Црната вдовица“ ја глумеше младата Наташа Романоф, додека наскоро ќе ја гледаме и во филмот „Petеr Pan & Wendy“.
Кога го опишуваше искуството од сетот, кажа дека била воодушевена од Скарлет Јохансон.
„Ми кажа дека сум ја расплакала во една од моите сцени и тоа беше едно од најчудните работи, бидејќи таа е многу почитувана актерка“ - кажа Евер за „Yahoo Canada“.
Свесна дека глумата ја разликува од нејзините врсници и дека тоа значи поинакво детство, истакна дека тоа е нешто што навистина сака да го работи. Исто така изјави дкеа и родителите ѝ давале совети и ја упатиле во тоа што би требало да се обидува да го направи поинаку, и ѝ истанале дека секогаш треба да работи повеќе и да ги шири своите интереси.
Milla Jovovich and her daughter Ever.
— FilmFreeway (@FilmFreeway) July 29, 2020
Leeloo / Fifth Element Fan Art pic.twitter.com/fms3NVdwEy
Инаку, интересна е и приказната која стои зад нејзиното име. Имено, сопружниците се одлучиле на своите ќерки да им дадат машки имиња, па така Евер е шкотско име кое означува личност силна како вепар. Габо настанало со позајмување на почетните букви од бабата и дедото на Мила - Галина и Богдан.
Сестраната Евер зборува три странски јазици - англиски, француски и руски, вежба карате и ги обожува филмовите за Хари Потер.
фото: Принтскрин / Инстаграм