Поради мајка ѝ станала бездомник и живеела во прифатилиште: Преку ноќ се збогати, а неодамна се разведе од сопругот и му плаќа алимнетација
Една од најубавите и најпопуларните актерки во Холивуд, Хали Бери се
разведе од Оливие Мартинез по 8 години правна битка.
Претходните години не успеаја да се договорат за старателството на нивниот 9-годишен син Мејси. Сега одлуката е Хејл да треба да плаќа осум илјади долари месечно за алиментација и 4,3 отсто од заработката, во случај да добие повеќе од 2 милиони долари, што ќе се сметаат за дополнителни трошоци за издржување на нивниот син.
Бери ќе плати и за приватното школување на нејзиниот син, трошоците за неговите воннаставни активности и здравственото осигурување.
И иако актерката сега може да плати толку голема сума, нејзините финансии не беа секогаш „розови“, а еден период од животот беше дури и бездомник.
Хали Бери имала 18 години кога се преселила во Њујорк, а откако дошла од Чикаго во еден од најубавите градови, набрзо останала без пари. За да се снајде и да се обиде да си го оствари сонот, се јавила на мајка си и побарала помош, но таа одбила и тогаш започнал еден од најголемите кошмари за познатата актерка.
Извесен период морала да живее во прифатилиште како бездомник, но во ниту еден момент, како што рече, не ја обвини мајка си што не ја поддржала во најтешкиот период, туку вели дека и е многу благодарна за тоа.
-Кога не сакаше да ми прати пари, една година не разговаравме. Сепак, сега мислам дека тоа е една од најдобрите работи што таа ги направи за мене - изјавила Хејл, која потоа почнала да работи како келнерка, но многу брзо влегла во филмската индустрија и нејзиниот живот целосно се променил.