Поради нејзините фотографии ќе ја засакате есента: 2-годишната Марија од Прилеп ги покажа убавините на ова годишно време
Двегодишната Марија Керпичоска, која е попозната по прекарот „Прилепско чупе“ секојдневно им ги разубавува деновите на нејзините следбеници. Со преслатките фотосесии кои ѝ ги прават нејзините родители, Марија за кратко време стана една од најмалите ѕвезди на Инстаграм.
Моментално има нешто повеќе од 9.000 следбеници на оваа социјална мрежа, а овој број секојдневно сѐ повеќе се зголемува, а има и зошто - нејзините фотографии се преслатки, но и многу професионални.
Овој пат, таа се потруди да покаже дека и есента е многу убаво годишно време. Нејзините родители се потрудија да ги покажат сите убавини на есента, секако во комбинација со малата Марија, која дефинитивно ужива во тоа што го прави.
„Секоја фотосесија крие одредена порака, па така овојпат решивме покрајубавината на малата Марија да ја доловиве и убавината на природата, особено во овие есенски денови. Посетивме неколку локации и се потрудивме да ви доловиме убави детали од истите.“ - откри Зорица Керпичоска, мајката на преслаткото девојче.
Фотките се поделени на четири целини на кои носи различни модни комбинации, на кои би ѝ подзавиделе и познатите инфлуенсерки.
Сигурни сме дека нејзините фотографии ќе ве поттикнат да ја засакате есента, и веднаш да заминете на есенска фотосесија.
Во продолжение погледнете ги сите фотки на малата Марија и уживајте: