Поради ова момче плачеше цел свет: Беше жртва на насилство, а потоа му се промени животот-сега работи со познати ѕвезди

Поради ова момче плачеше цел свет: Беше жртва на насилство, а потоа му се промени животот-сега работи со познати ѕвезди

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Квејден Бејлс е момче кое сакало да се самоубие поради насилство од врсници кога имал 9 години. Многу познати ѕвезди го поддржаа, а денес има можност да соработува со нив.

Пред две години јавноста беше шокирана од видеото на кое малото момче Квејден Бејлс плаче и зборува за тоа како сака да се убие затоа што го малтретираат на училиште.



Момчето тогаш имало девет години, а неговата мајка го снимила синот како во солзи вели дека сака да се откаже од животот. Таа во описот на видеото напиша: „Вака изгледа малтретирањето“.

Таа исто така рече: „Само што го земав синот од училиште, видов како го напаѓаат, ја повикав директорката и сакам луѓето да знаат - и родителите и воспитувачите и наставниците - ова се последиците што малтретирањето ги остава врз децата. Секој ден нешто се случува . Нов напад, нови навреди... Можете ли да ги научите децата, семејствата и пријателите како да се однесуваат“.



Видеото ги преплави социјалните мрежи, луѓето не можеа да останат рамнодушни на солзите на ова момче, а му дадоа огромна поддршка.

Патем, Квејден припаѓа на семејство со абориџинско потекло кое живее во Квинсленд.

Во оваа прилика, познатиот режисер Џорџ Милер, кој го поддржа момчето, му додели улога во продолжението на познатата серија за Лудиот Макс „Фуриоза“. Премиерата на серијата се очекува во 2024 година.



Режисерот истакнал дека бил многу трогнат од видеото кое го објавила мајката на момчето и затоа решил да му даде улога на момчето и на тој начин да го поддржи и да се чувствува подобро.

Момчето беше поддржано и од некои други познати личности, вклучувајќи ги Кид Ларој и Хју Џекман.



Малиот Квејден собра голем број следбеници на Инстаграм, па така почна да заработува. Имено, според една спонзорирана објава, момчето заработува околу 2.600 долари.


Foto: Printscreen Instagram/ officialquadenbyles

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: