Поради ова се крена голема прашина: Зошто малиот Арчи ја нема титулата принц?
Пред неколку месеци Меган Маркл и принцот Хари го проширија своето семејство за уште еден член. На свет пристигна малиот Арчи. Тоа веќе го знаете. Но, сега ќе дознаете зошто малиот Арчи не е принц, туку ја има титулата 'мастер'.
Она што ја збуни јавноста е фактот дека Арчи не ја носи титулата принц, туку 'мастер'. Со целосно име, тој е 'Мастер Арчин Харисон Маунтбатен - Виндсор'.
Зошто е тоа така? Па, едноставно е. Во кралското семејство постојат јасно дадени правила според кои се доделуваат имињата, титулите и се овластуваат нејзините членови и според тој правилник, Арчи е именуван за мастер, а не за принц.
Имено, уште во далечната 1917 година, кралот Џорџ V, го ограничи бројот на членови на семејството на кои може да им се додели кралска титула.
Според неговите зборови:
„Внуците на синовите во права машка линија ќе имаат можност да ги уживаат стилот и титулата како што ги уживаат децата на војводата во ова наше кралство“.
Што во основа значи дека титулите „принц“ и „принцеза“ се ограничени на децата на кралевите и кралиците. На пример, принцот Чарлс, принцот Едвард и принцезата Ана имаат синови принцови и ќерки принцези.
Но, бидејќи прицот Хари е втор син на принцот Чарлс, неговите деца не може да ја имаат титулата „принц“ или „принцеза“. Затоа Арчи е мастер.