Поради сиромаштијата во која пораснала има само една фотографија од детството: Денеска е голема ѕвезда, а еве како изгледала како дете

Поради сиромаштијата во која пораснала има само една фотографија од детството: Денеска е голема ѕвезда, а еве како изгледала како дете

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Ѕвездата на фолк музиката во Србија Зорица Брунцлик била толку сиромашна што има само една фотографија од детството

Зорица Брунцлик во својата петдецениска кариера успеа да собори многу рекорди, меѓу другото стана и најтиражната пејачка во историјата на српската дискографија, а сето тоа ќе го одбележи со големиот концерт кој го закажа за 28 јуни. на стадионот Тасмајдан.

Сепак, нејзиниот живот не бил отсекогаш толку среќен како сега, бидејќи легендарната пејачка била толку сиромашна како дете што денес само една фотографија е сведок од тој период од нејзиниот живот, со час од училиште. Бидејќи семејството на Зорица било толку сиромашно, фотографиите биле луксуз кој не можеле да си го дозволат, а оваа фотка ја добила на подарок. 

- Мама се мачеше да не‘ нахрани. Се сеќавам дека подели едно јајце со нас четворицата. Секогаш се прашував како тоа нејзиното јајце изгледа полно во тавата. Потоа ми објасни да ставам брашно и сода бикарбона. Го јадевме со леб. Не постои нешто на кое што би сакала да се сеќавам од тој период - се присети еднаш Брунцлик на тешкото детство.

На спектакуларниот концерт фолк дивата ќе го прослави својот 67 роденден и тоа ќе биде најголемата прослава во регионот, а интересот за целиот настан е голем бидејќи Брунцлик ќе ги испее сите хитови кои ја одбележаа нејзината половина век долга кариера.


Фото: информер - приватна архива

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: