Поранешната менекенка ја нарекуваат „мајка монструм“: Малолетната ќерка ја смета за грда, ја убедува да се оперира, а сега ја учи да тверка
Карла Белучи откри дека својата ќерка ја учи да тверка, откако тинејџерката ѝ кажала дека сака да се придружи на платформата „OnlyFans“...
Некогашната манекенка Карла Белучи стана позната ширум светот кога ја советуваше својата 16-годишна ќерка да оди на пластична операција, бидејќи „грдите луѓе не можат далеку да стигнат во животот“.
Пред тоа Карла излажа дека е депресивна за да собере пари за својата операција за нос.
Таниша дури неодамна наполни 18 години, но на своето семејство му кажала дека сака да заработи продавајќи содржини на еротската платформа „OnlyFans“. Нејзината мајка верува дека нема да успее во таа работа. Инаку, Карла имаше профил на „OnlyFans“, но пред половина година го избриша.
„Посреќна сум што ќе можам да ја научам на триковите поврзани со занаетот. Танцувавме заедно во петокот во кујна и ѝ кажував како се тверка. Опседната е со хип-хопот и ми кажа „Мамо, мораш да ми одржиш лекција за тверкање за „OnlyFans“.“ Мислам дека не очекуваше дека можат така да тверкам. Потенцијално би можела таму да заработи пари кои ќе ѝ го променат животот“ - кажа Карла за „Daily Star“.
Секако, тоа е само почеток на нејзините ексцентрични појавувања во јавноста, таа ја воодушеви јавноста и со начинот на кој ги воспитува своите деца - ги охрабрува да бидат инфлуенсери или актери и да создаваат содржини за социјалните мрежи и ги советува да заборават на образованието и читањето книги.
„Ќе мора да поработи на својот изглед за да изгледа совршено, бидејќи грдите луѓе никаде не одат“ - изјави таа за магазинот „Closer“ за изгледот на нејзината ќерка.
Поради ваквите изјави го заработи епитот „мајка чудовиште“, иако и самата тврди дека е одличен родител и дека луѓето се само љубоморни.
На прашањето дали е загрижена дали нејзината ќерка ќе ги следи нејзините стапки, 41-годишната мајка кажа: „Парите можат да бидат неверојатни, но мора да ги знаете своите граници“.
Карла направи бум во јавноста кога го пренесуваше во живо нејзиното породување пред две години, а секој што учествуваше мораше да издвои 10.000 фунти.
„Еден од моите обожаватели на „OnlyFans“ ми понуди 10.000 фунти за да го пренесувам во живо моето порудување - и знаете што, зошто да не? Ќе им дадам шанса на обожавателите да учествуваат во мојот пораѓај во живо за 10.000 фунти. Мислам, луѓето ги покажуваат своите породувања во телевизиската емисија „One Born Every Minute“ и не ја гледам разликата. Сигурна сум дека не се ни платени за тоа“ - изјави оваа мајка за „Mirror“.
Карла, исто така на оваа платформа продаваше гламурозни фотографии на кои не е гола, а како што истакна во една прилика, заработувала и до 40.00 фунти месечно во текот на пандемијата.
фото: Принтскрин / Инстаграм