Поранешниот вереник на Деми Ловато на местото каде што ја запроси: Дали плаче?
По разделбата со Деми Ловато, Макс Ерих продолжува да се однесува малку чудно. Актерот тешко го поднесе крајот на врската, а медиумите во текот на викендот го снимиле на истата плажа каде што ја запросил Деми, а бил сам и делувал многу несреќно.
Макс во видеото кое го објави TMZ може да го видиме како се шета по плажата пред во еден момент да седне на песокот со главата потпрена на своите дланки, како да плаче. Дали се во прашање искрени чувства или пак Макс само ја продолжува својата претстава, не е лесно да се каже. Која од овие две опции и да е вистина, тоа секако делува психички нестабилно. Актерот неодамна се жалеше дека обожавателите и понатаму го малтретираат и ги замоли да престанат. Меѓутоа, тој и понатаму зборува лошо за Деми Ловато и инсистира на тоа дека таа не му ни кажала дека раскиниле, туку дека тој за тоа дознал од интернет.
Деми од друга страна се однесува на вистински начин, па на Макс му го врати и вереничкиот прстен, кој според процената вреди 2,5 милиони долари. Меѓутоа, бидејќи таа не сака да го види својот поранешен вереник, некој од нејзиниот тим прстенот го предал на претставник од неговиот тим. „Макс не очекуваше дека таа ќе му го врати прстенот, така што ова е убав гест и истиот многу значи“ - вели еден инсајдер.
„Иако срцето му е и понатаму скршено и не зборувале, тој чувствува дека ова е начин за Деми да се прости од него и да каже дека и е жал што сето ова завршило.“ Интересно е тоа што некои медиуми пренесуваа дека дијамантот кој се наоѓа на прстенот е всушност на Деми, односно бил на нејзината баба. Меѓутоа, Макс тврди дека се е негово, па дури и дека тој самиот дизајнирал ккао ќе изгледа прстенот. Од друга страна, Деми и понатаму одбива да зборува за сето тоа.