Постои начин како да ја прочитате пораката која некој ви ја испратил на WhatsApp, но потоа ја избришал
Не е невозможно...
Доколку те интересира што ти испратил некој, но во меѓувреме се предомислил и одлучил да ја избрише таа порака, постои начин како тоа да го дознаеш. Иако е веројатно со причина да е избришана пораката, некогаш тоа не ни дава мир и сакаме да знаеме што пишувало.
Наместо да се прашуваш што пиувало, знаеш ли дека тоа можеш да го дознаеш на многу едноставен начин? Воопшто не е тешко, но многу луѓе не знаат за овој трик. Некогаш сне избришале порака за која сме сфатиле дека нема потреба да биде испратена и не е интересена, но некогаш... може да има нешто многу интересно, на пример доколку истата е испратена на погрешна личност. Иако не е во ред на овој начин да ја видиш избришаната порака, бидејќи најверојатно со причина е избришана и личноста не сака да ја видиш, постои начин. „Studentski.hr3 откри дека посоти апликација која се вика „Notidication Log App“, која може да помогне во тоа.
Тоа е апликација која ќе ги забележи и запомни сите известувања кои ти пристигнуваат на мобилниот телефон, од сите апликации, вклучувајќи ги и новите пораки кои ти пристигнуваат, бидејќи и тие доаѓаат во облик на известување. Така ќе остане запаметено и известувањето за онаа порака од WhatsApp која во меѓувреме е избришана. Не е толку тешко да се дојде до избришаните пораки, само ако немаш проблем со тоа да ѝ го дозволиш пристапот на уште една апликација. Веројатно е подобра опција за тоа да ја прашаш личност која ја испратила таа порака, но понекогаш тоа и не е опција, а љубопитноста е посилна од нас.
фото: oasisamuel / Shutterstock