Посвоената ќерка на најбогатиот пар во Србија се капе во луксуз: Се фали дека живее на висока нога и има армија обожаватели
Посвоената ќерка на Филип Цептер, Ема, порасна во вистинска
убавица
Дека животот за некого е мајка, а за други маќеа најдобро покажува приказната за Ема Цептер, која е посвоена ќерка на еден од најбогатите парови во Србија - Филип и Мадлена. Еден поглед на нејзиниот Инстаграм профил е доволен за да ви стане јасно дека оваа прекрасна девојка навистина го живее животот во потполност, опкружена со луксуз и богатство.
Сепак, не се знае многу за нејзиниот живот, освен дека живее во странство, поточно во Лондон, каде што студира психологија. Ема е и голем вљубеник во уметноста, а нејзиниот впечатлив моден стил и обезбеди армија следбеници на Интернет.
Исто така, врз основа на нејзините фотографии на Инстаграм може да се заклучи дека сака патувања, и дека нејзините омилени дестинации се егзотичните.
Интересно е и тоа што вилата на Дедиње, која била во сопственост на нејзините родители, го добила нејзиното име, а Филип и Мадлена еднаш, во далечната 2000 година, на најдобар можен начин ја објавиле веста дека малата Ема станала член на нивното семејство.
- Таа влезе во нашите животи еден ден во декември 2000 година и веднаш се вгнезди во нашите срца каде што отвори простор кој претходно не беше таму. Убаво е кога човек може да се реализира како творец, а потоа да стане родител, а уште подобро е кога можеш да ја исправиш неправдата и да создадеш - наместо болка - љубов. Мене ми се случи првото и второто – рекла еднаш Мадлена.
Инаку, Мадлена долги години живее во Монако, но е „своја на своето“ и во Париз, Виена, Милано...иако во срцето и е родниот Белград. Нејзиниот сопруг, со вродена енергија и голема деловна креативност, изгради своевидна деловна империја на светско ниво, додека Мадлена целосно се посвети во изградбата на целото културно-уметничко творештво во Србија.
Поранешната професорка по литература, израсната во семејство во кое се вреднуваше уметноста и во кое взаемната љубов и хуманоста беа основни доблести, кај Филип најде човек со исти хумани пориви.
- Ја препознавам таа нишка во моите семејни корени. Уште како дете сакав да им давам радост на другите и како и секогаш ја имав поддршката од мојата драга мајка. Најважно е да можете да сочувствувате. Со текот на времето, тоа стана морална матрица на мојот однос со луѓето. Имав среќа во мојот сопруг да најдам маж кој ги носи истите морални вредности. А животот ни го враќа само она што им го даваме на другите – изјави еднаш за „Стори“ г-ѓа Цептер.
Секако, нивната сакана Ема го собрала најдоброто од родителите - успешни бизнисмени, големи филантропи и страсни глобтротери кои ја носеа својата ќерка насекаде со себе, а од мала се запозна со светските метрополи.
Таа секогаш со многу љубов зборува за своите родители, а повеќе нејзини фотографии погледнете овде:
Фото: Youtube - printscreen/Инстаграм