Познат ТикТокер почина бегајќи од полиција: Во смрт однесе уште три личности

Познат ТикТокер почина бегајќи од полиција: Во смрт однесе уште три личности

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Трагедиите со ѕвездите продолжуваат да се случуваат, но смртта на Габриел Салазар кој имаше дури 2,2 милиони следбеници на ТикТок особено одекна. Овој 19-годишник направи невидена катастрофа, бидејќи со автомобилот бегал од полиција, а потоа предизвикал сообраќајна несреќа, каде освен него починале уште три личности.

Како што наведува „E! News“, инцидентот се случил минатата недела и тоа во близина на градот Ла Прајор во американската држава Тексас. Како што соопштила полицијата, Салазар возел неверојатно силен автомобил, шевролет камара на автопат, некаде околу 1:25 наутро. Поради големата брзина, полиција почнала да го следи автомобилот, а бидејќи Салазар не сакал да застане, тие се обиделе да му ги дупнат гумите.

Тој обид за да го запрат за жал не успеал, велиме за жал, бидејќи потоа ТикТокерот ја изгубил контролата, па автомобилот се испревртел и запалил. Како што се утврдило подоцна, тој прво излетал од патот, потоа удрил во неколку дрвја, се превртел неколку пати и се запалил. За жал, брзата помош можела само да утврди дека сите умреле уште пред да пристигне.

Како што се наведува, Салараз бегал бидејќи трите личности кои ги возел биле Мексиканци, односно илегални мигранти. Многу негови обожаватели не може да поверуваат дека тој си дозволил да се занимава со трговија на луѓе, а сега се собираат пари за неговиот погреб.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: