Познатата јутјуберка е во бегство: Ги измамила обожавателите за околу 50 милиони евра - ги навела да инвестираат во ова (ФОТО)
Сучата Конгсупачак ги известила обожавателите дека ги изгубила сите нивни пари, а потоа се пуштила во бегство...
Тајландаската јутјуберка Сучата Конгсупачак, попозната како Ноти, изчезна откако беше обвинета за кражба на скоро 50 милиони евра, кои обожавателите ги инвестираа во нејзината компанија.
Како што наведуваат од полицијата, 30 годишната танчерка е осомничена дека измамила повеќе од 6.000 жртви.
Ги убедила обожавателите да вложуваат во нејзината компанија на девизниот пазар.
Ветената заработка била 25 проценти на тримесечните договори и 30 проценти на шестмесечните договори, според азиската трговска страница „NextShark“.
Сучата на социјалните мрежи го прикажуваше својот луксузен живот, преполн со дизајнерски предмети, автомобили, облека и часовници, со што ги уверила следбениците за веродостојноста на нејзината понуда.
„Објавуваше фотографии на социјалните мрежи со кои го прикажуваше своето богатство, додека тврдеше дека го создала со вложување во брокерска куќа“ - кажа водичот на истрагата Ватхан Кетумпаито од Тајланд.
Адвокатот кој ги застапува жртвите, кажа дека една личност ѝ уплатича скоро 500.000 евра на банкарската сметка.
Таа во април на обожаватели им соопшти дека „ги изгубила сите пари кои ги вложиле поради грешки во трговијата“.
Постојат сомнежи дека Конгсупачак побегнала во Малезија, откако судот изал налог за нејзино апсење поради обвинувања за измама.
Досега 102 жртви поднеле жалба до властите, а неколку од нив тврделе дека ги изгубил сите свои пари.
фото: Принтскрин / Инстаграм