Познатата манекенка била на работ на смрт поради тампон: Поминала низ пекол и сега ги предупредува девојките - еве што може да се случи ако заборавите да го извадите
Манекенката Мора Хигис преживеала благодарение на брзата реакција на лекарите.
Имено, таа добила синдром на токсичен шок од обичен тампон. Својата приказна ја сподели со следбениците на Инстаграм, каде ја следат над 3,5 милиони луѓе. А таа сакаше да ги предупреди девојките и жените за овој сериозен здравствен проблем.
Синдромот на токсичен шок се јавува кога бактериите влегуваат во телото. Потенцијална опасност може да биде само изгореница или некоја друга повреда. Најчесто се јавува кај помлади жени за време на менструалниот циклус, пишува Irish Mirror.
Кога стафилококите или стрептококите ќе влезат во крвотокот, тие ослободуваат многу опасни токсини. Симптомите обично започнуваат со ненадејна висока температура над 38,9 степени. За неколку часа се развива клиничка слика слична на грип, која вклучува главоболка, болки во грлото и мускулите и кашлица. Потоа следуваат гадење, повраќање, несвестица, вртоглавица, конфузија.
Неопходно е веднаш да се делува со антибиотици, а понекогаш и да се даде кислород. Пациентот треба да пие многу течности, а лекарот може да препише и лекови за контрола на крвниот притисок.
- Знам дека тампонот не смее да стои долго во нас. Кога докторот ми најде тампон, тој беше таму три месеци, заглавен во грлото на матката - со неверување раскажува манекенката, која долго време не се чувствувала добро, не знаејќи ја вистинската причина.
Таа сега посочува дека е многу важно да се зборува отворено за се, особено за тинејџерките, да бидат свесни што може да им се случи доколку не го заменат тампонот на време.
- Се случува девојката преку ноќ да заборави тампон. Особено ако имала бурна ноќ. Но, најважно е отворено да зборуваме за менструацијата и користењето тампони, а не да ги криеме во ракавите менструалните средства, како кога одев во тоалет кога бев средно училиште – признава Мора.
Според упатството за употреба на тампони, се советува да се менуваат на секои три до четири часа. Лекарите велат дека треба да се земаат оние тампони кои минимално впиваат, и важно е да се користат тампони и влошки наизменично и да се применуваат максимални хигиенски мерки при нивното користење.извор:najzena