Познатата Србинка го капе детето во мијалник: Стана мета на критики за тоа колку ја има разгалено ќерката (ВИДЕО)
Коко Остин повторно е критикувана поради ќерка ѝ, а познатата Србинка на сите им одговори во свој стил...
Коко Остин, сопругата на познатиот рапер и актер Ајс Ти, повторно успеа да ја шокира јавноста. Имено, како да не беше доволно тоа што во минатото ја учеше ќерката да тверка, или тоа што ја дои иако има 6 години, веќе во неколку наврати покажа и повеќе чудни родителски методи.
Така, нема проблем пред ќерката да шета гола, или пак минимално облечена, да ја вози во количка која е наменета за деца на помала возраст, а од друга страна да ѝ дозволи надоградба на нокти, каква што не носат ниту возрасните.
Имено, Коко на Инстаграм сподели видео на кое се гледа како малата Шанел ја капе во мијалник!
„Најлесно е да се капеме во мијалникот кога мораме да бидеме брзи“ - напиша атрактивната 43-годишна Србинка.
Овој потег ја започна бурата од негативни коментари на социјалните мрежи, па не изостанаа ниту оние на сметка на нејзиното мајчинство: „Упорно не ѝ дозволуваш да порасне“, „Доволно е возрасна за сама да се капе, не знам зошто од неа правиш неспособно дете“, „Болно е колку се трудиш да ја претвориш во бебе, иако веќе е големо девојче“, „Не е нормално тоа колку ја имаш разгалено“, „Мене ова воопшто не ми е слатко - бизарно е“ - се само некои од коментарите оставени под видеото.
Секако, и самата Коко во еден момент се осврна на зборовите кои ѝ беа упатени.
„Wow и уште еднаш wow! Одиме повторно. Тоа што моето девојче го капев во мијалникот стана вирално? Луѓе, веќе морате да знаете дека сум поинаква од сите мајки. Го правам тоа што ми се прави и што ми е лесно. Некои од вас подобро научете нешто од мене отколку да ме понижувате“ - возврати таа жестоко на Твитер.
За потсетување, оваа русокоса стана позната во јавноста поради бракот со раперот Ајс Ти, со кој на лудниот камен застана уште во далечната 2005 година.
фото: Принтскрин / Инстаграм