Познатата тенисерка Ана Ивановиќ го крсти синот по животно: Името има длабоко значење
Познатата тенисерка Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг, фудбалерот Бастијан Швајнштајер пред повеќе од еден месец го добија вториот син.
Тие двајца за првиот син биле договорени дека детето ќе има српско име, а второто дете дека ќе има странско име. По едномесечните шпекулации како ќе се вика помладиот син на Ана, вешто беше сокриено од јавноста.
Како што пренесуваат српските медиуми, синот на Ана и Бастијан се вика Леон. Името е изведено од латинското „лео“ што значи лав. Сигурно ви е јасна симболиката на името, бидејќи самото животно ја носи истата. Дали поради тоа тенисерката и фудбалерот се одлучија за ова име, останува да дознаеме.