Познати актери чија хемија во филмовите беше неверојатна: Сите навиваа за да бидат заедно и во реалниот живот (ВИДЕО)

Познати актери чија хемија во филмовите беше неверојатна: Сите навиваа за да бидат заедно и во реалниот живот (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Филм

Кој се сеќава на овие љубовни парови?

Некои љубовни парови од филмовите засекогаш ќе останат запаметени. Нивната љубов и меѓусебни симпатии беа толку силни што за некои не можевме да процениме дали е само глума во прашање.

Незаборавни филмови, сценарија, но и главни ликови. Сигурни сме дека сите знаете барем една позната двојка која глумела во некој роматичен филм, чија љубов ви останала врежана длабоко во сеќавањето. Некои од нив дури и биле пар и во реалниот живот, но за жал, тие љубови не успеале. Животот не е филм, но некои од нив направи да изгледа како да е!

# Лејди Гага и Бредли Купер во „A Star Is Born“

По изглегувањето на овој филм, многумина сакаа Лејди Гага и Бредли Купер да бидат двојка и во реалниот живот. Иако таа не е актерка, сите се согласуваат во едно, а тоа е дека имаше улога која одлично ја одглуми и навистина се гледаше хемија помеѓу неа и Бредли.


# Зои Дешанел и Џозеф Гордон-Левит во „(500) Days of Summer“

Иако буквално не успеаја во самиот филм, многу од нив ги спојуваа во реалниот живот. Без разлика на заплетот на овој филм, хемијата меѓу нив двајца е и повеќе од очигледна. Затоа многумина сакаа Самер и Том, односно Зои и Џозеф да бидат двојка, но тоа не се случи.


# Рејчел МекАдамс и Рајан Гослинг во „The Notebook“

Еден од најголемите љубовни класици е токму овој филм, а неговите актери го направија таков. Денес нема личност која не знае за овој филм, исто како и што нема личност која не знае за љубовта на Рејчел и Рајан. Тие всушност биле двојка и во реалниот живот, но тоа на крајот не успеало.


# Кејт Винслет и Леондардо Дикаприо во „Titanic“

Со оглед на тоа што нивната љубов во филмот беше недозволена, токму затоа нивната хемија беше посилна. И повеќе од очигледно е колку биле млади Кејт и Леонардо во тоа време, а тогаш навистина имале симпатии еден кон друг. Но, отсекогаш биле само добри пријатели, а тоа останаа и ден денес.


# Лана Кондор и Ноа Сентинео во „The All the Boys I've Loved Before“

Иако Лана во текот на сите продолженија на овој филм имаше неколку дилеми околу своите момчиња, сите знаат дека таа всушност отсекогаш имала симпатии кон Ноа. На крајот тоа се докажа и во последното продолжение, а сите се согласуваат дека тие симпатии се појавувале цело време, без оглед на другите момчиња.


# Анџелина Џоли и Бред Пит во „Mr. & Mrs. Smith“

Анџелина и Бред се една од оние двојки кои токму поради овој филм на крајот и завршија во брак. Нивниот брак траеше неколку години, а во филмот беше и повеќе од очигледно колкави симпатии имаат еден кон друг. Само што тие таа љубов во сценариото на овој филм ја покажуваа на малку поинаков начин од вообичаениот. Во реалниот живот, со години ги нарекуваа една од најубавите познати двојки.


# Хејли Лу Ричардсон и Кол Спроус во „Five Feet Apart“

„Five Feet Apart“ е еден неверојатно емотивен и романтичен филм во кој доколку не беше хемијата помеѓу Хејли и Кол, филмот немаше да стане толку популарен. Се гледаше дека даваат сѐ од себе за емотивно да ја пренесат приказната на своите ликови, а и успеаа во тоа.


# Џои Кинг и Џејкоб Елорди во „The Kissing Booth“

Кај Џои Кинг е слична приказната како и кај Лана Кондор. Во текот на продолженијата на „The Kissing Booth“, Џои исто така ги менуваше момчињата, но нејзината љубов сепак беше најголема кон Џејкоб Елорди. Шлаг на тортата беше последната сцена од последното продолжение каде таа хемија и навистина ја докажаа.


# Шејлин Вудли и Ансел Елгорт во „The Fault in Our Stars“

Кога излезе овој филм, сите сакаа да имаат љубов каква што имаа Шејлин и Ансел, односно Хазел Грејс и Огастус. Нивната врска и симпатии беа толку силни до самиот крај, кој е неверојатно тажен, како и секој романтичен филм. Но, во овој, оваа љубовна двојка не беше како во секој друг романтичен филм, бидејќи беа навистина посебни.


# Тереза Палмер и Бенџамин Вокер во „The Choice“

Самото сценарио на овој романтичен филм упатува на тоа дека Тереза морала да одбере помеѓу Бенџамин и едно друго момче. Но, нивната поврзаност била многу силна, а двајцата имале потполно различни карактери. Иако и тие беа спојувани во реалниот живот, бидејќи имаа одлична романса во филмот, тоа сепак не успеа.


фото: Принтскрин / Imdb

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: