Познатиот јутјубер ги откри сите естетски зафати: Што има „поправено“ Џејмс Чарлс на себе?

Познатиот јутјубер ги откри сите естетски зафати: Што има „поправено“ Џејмс Чарлс на себе?

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Му веруваш ли или сметаш дека ја крие целата вистина?

Пластичните операции и естетски „поправки“ на себе станаа сосема нормална работа. Стањето филери стана нешто сосема нормално, како одењето на маникир. Сите знаеме дека ретко која позната личност денес изгледа природно, а во тоа им се придржија и новите, Јутјуб и инфлуенсерски ѕвезди.

За разлика од многу други инфлуенсери, Џејмс Чарлс е еден од оние кои отворено признаваат дека ги обработуваат своите фотографии пред да ги објават. Има направено дури и неколку видеа каде им покажува на обожавателите како ги уредува фотографиите. Тоа не се некои големи промени, да го сретнете на улица и понатаму би го препознале. Освен што не крие дека ги уредува фотографиите на овој начин, сега призна и дека во вистинскиот живот има направено некои естетски „поправки“.

Ваквите познати личности не признаваат со задоволство, бидејќи сакаат сите да мислиме дека се природно совршени. Во едно неодамнешно интервју со Наоми Кембал, Џејмс одговори на прашњето кое многумина се обидуваат да го избегнат. На прашање што има „поправено“ на себе, призна за сите зафати. „О да, имам филери, правев и ботокс, не го кријам тоа. Немам со ништо претерано... мојот татко ги има најлошите брчки на челото. Затоа ботоксот за мене повеќе беше превентивна мерка, бидејќи татко ми и јас имаме многу слично лице.“ Кога Наоми нагласи дека можеби е малку премлад за ботокс, бидејќи има смао 21 година, Џејмс само повтори дека тоа е превентивно и дека не ставил многу.


Џејмс тврди дека тоа се единствените зафати кои ги направил на себе и дека се останато е вистинско и негово. Веруваш ли во тоа?


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: