Познатиот јутјубер кој има милиони долари девојката ја запроси со прстен од 100 долари!
Во светот на Јутјубот последните денови под светлата на рефлекторите беше Џејк Паул и Тана Монго. Откако неодамна објавија дека се заедно, сега се верија, а прстенот кој Паул и го купи на Тана не ги импресионираше обожавателите.
Станува збор за 'пранк' или помеѓу нив навистина има искрена љубов? Гласините за врската на Џејк Паул и Тана Монго не престануваат уште откако објавија дека се заедно. Обожавателите се уверени дека станува збор за 'пранк', а во прилог на тоа оди и фактот дека прстенот со кој Џејк ја запроси е украсен со 'фејк' дијамант, т.е. циркон.
На прославата за 21 роденден на Тана на спектакуларната забава во Лас Вегас, Џејк ја искористи можноста на сцена да и го честита роденденот на својата девојка, но и да ја изненади. Во еден момент Џејк само клекна на едно колено и ја запроси, а прстенот кој го извади ја изненади Тана - тоа беше прстен што се јаде од јагоди и киви. Но, и вистинскиот прстен не беше нешто спектакуларен. Тана на инстаграм се 'пофали' со вистинскиот прстен, а фановите не можеа, а да не забележат дека наместо вистински дијамант, прстенот имаше обичен циркон.
Неговата цена е околу 125 долари, поради што сега додатно се појавија шпекулациите дека целата веридба е наместа поради прегледи на Јутјуб и лајкови, како и зголемување на популарноста на останатите социјални мрежи.