
Познатиот јутјубер Стефонатор го победи туморот: Радувајте се што сте здрави
Фото:Youtube/screenshoot
Младиот и познат јутубер од Македонија, Стефанатор повторно ја „потресе“ јавноста, но овој пат сподели убава вест. Стефанатор во видео кое го сними и сподели на Јутуб откри дека по долготрајната и макотрпна борба успеал и го победил туморот.
-Цела година од овој процес. Моментот на дознавање, мислење што е следно, прва операција, хемотерапија, илјада снимања, втора операција, боцкања и се... помина една година мене ми изгледа како да се 10 години, најмалку. Затоа не можам да „сварам“ дека сето ова е завршено и се‘, но треба и треба да се радуваме... Ова е моето среќно видео, не треба да бидам даун, туку да се радуваме, да се смееме, да славиме, да се фокусираме на сите убави работи, да си живееме, истакна Стефанатор.
Можеби ќе ве интересира:
