Познатиот ТикТокер на удар поради стари твитови: Немал ли поима за што зборува?

Познатиот ТикТокер на удар поради стари твитови: Немал ли поима за што зборува?

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Ја поддржувал ултрадесничарската организација, испрати извинување, но навредите од обожавателиите само што започнаа...

Џејден Хослер е еден од популарните корисници на ТикТок и поранешен член од Sway House. 19 - годишното момче има 8 милиони следбеници на оваа социјална мрежа, а покрај забавата се занимава и со пеење.

Неговиот деби сингл „Comatose“ е објавен во февруари оваа година, а во јуни реши да се фокусира на музичката кариера. Но, ова не е причината поради која овие денови е во центарот на вниманието.

Интернетот успеа да ги открие неговите твитови од 2017 година (кога имал 16 години) во кои величен една американската десничарска организација. Иако твитовите повеќе ги нема, снимки од екраните кружат на Интернет.

Џејден не го демантираше ова, туку реши да признае дека направил грешка и да им се извини на следбениците.

„Дефинитивно се извинувам поради зборовите од минатото кои повредија многумина. Не се согласувам со работите кои ги пишував и сум благодарен на она што сум денес. Ве молам, сфатете ме, ова не се само зборува, туку зборовите ги следат моите дела“ - напиша тој.


Иако сево ова се случуваше во јуни, Џејден неодамна откри дека тој и неговото семејство и понатаму се мета на навреди.

„Не сакав да се занимавам со ова, бидејќи поентата  на извинувањето е да се научиме и да продолжиме понатаму, што и направив. За оние кои мислат дека знаат сѐ, ќе го ретвитнам моето извинување. Моето семејство доби толку навредливи пораки, што сѐ ова отиде предалу“ - напиша и додаде дека омразата се насочила и кон неговите пријатели и дека луѓето треба да шират љубов.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: