Познатите македонски личности се потсетија на детството: Кој сѐ се приклучи на предизвикот #СетиСе на СОС Детско Село? (ФОТО)

Познатите македонски личности се потсетија на детството: Кој сѐ се приклучи на предизвикот #СетиСе на СОС Детско Село? (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Од пејачи, преку актери до водители - секој ден по една позната личност се приклучува на предизвикот #СетиСе на СОС Детско Село...

Сигурни сме дека во деновите кога не знаете што да правите, ги прелистувате старите албуми со фотографии и се потсетувате на деновите од вашето детство. Денес веќе сте созреани личности, но некогаш сте биле само едно невино дете.

Сето ова го прават и познатите ѕвезди. За време на карантинот, многумина од нив споделија фотки од детството и ни покажаа како изгледале некогаш, но сега повторно се врати тој тренд и тоа благодарение на СОС Детското село.

Имено, токму од СОС Детско село ја започнаа кампањата #СетиСе, преку која заедно со сите оние ќе се приклучуват ќе се создадат убави спомени за секое дете. Секој што сака да стане дел од оваа акција, треба да објави фотографија од детството со овој хаштаг и да означи уште три пријатели, кои ќе ги предизвика да го направат тоа.

Кон, оваа кампања се приклучија и многу познати личности, а во продолжение ние ви ги издвојуваме оние кои веќе ги споделија своите фотки од детството:

# Ксенија Николова

# Јелена Јованова Периќ

# Ксенија Деспотовска

# Марјана Станојковска

# Васил Зафирчев 

# Весна Петрушевска

# Калиопи 


# Тамара Тодевска

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: