Познато како ќе се одвива наставата: Часовите ќе траат по 20 минути
Со маски и вршејќи редовна дезинфекција на рацете и со часови кои ќе траат по 20 минути. Вака ќе се одвива наставата од септември - Тв 21 доби потврда за ова од Министерството за образование.
Ако една паралелка има поголем број ученици, тогаш ќе биде поделена во две групи, а наставата ќе ја држи истата наставничка. Ова е еден од начините на кој ќе се реализира учебната година од септември, вели заменик-министерката за образование, Елизабета Наумовска, објави ТВ 21 .
Ако во некое одделение има деца со хронични болести, тогаш тие наставата ќе ја следат онлајн. Се разгледува можноста како да се реализира тоа.
Другиот модел е комбиниран. Ова овозможува – во случај училиштата да немаат доволно простор, одделенијата да се поделат во две групи. Во тој случај наставата ќе биде комбинирана.
-Постои варијанта во училницата наставникот да има камера и микрофон и учениците кои не можат да дојдат на училиште, наставата да ја следат од дома, вели Наумовска за ТВ 21.
Се изготвуваат и протоколи за средношколците кои патуваат со автобус од еден до друг град и за оние кои се сместени во интернети. Конечните одлуки ќе бидат донесени пред 15 август.
Поврзани вести:
Рекорден пад во високообразовните установи: за 10 години над 11 500 помалку запишани студенти