Праша и доби одговор: Обожавателите на Антониа Гиговска се убедени дека ќе роди момче (ФОТО)

Праша и доби одговор: Обожавателите на Антониа Гиговска се убедени дека ќе роди момче (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Обожавателите на пејачката сега очекуваат да дознаат дали се во право...

Младата пејачка Антониа Гиговска во последно време е во центарот на вниманието со својата бременост. Медиумите и обожавателите го следат секој нејзин чекор и внимателно следат како таа го поминува овој период од животот.

Иако кажа дека се повлекува од јавната сцена и дека публиката ќе мора да почека малку за да ја слуша во живо, таа направи исклучок, кога минатата недела се појави на ревијата на познатата дизајнерка Ива Спасовска. Тогаш го привлече целото внимание и ги воодушеви сите со својот изглед.

Неколку дена подоцна, упати директно прашање до своите обожаватели. Имено, сподлеи селфи од автомобил, покрај кое напиша: „Погодувајте... Машко е или женско?“

Доколку може да судиме по коментарите, најголемиот дел од нејзините следбеници на Инстаграм посочија дека Антониа ќе роди момче, а дали се во право, ќе мора да почекаме додека не ни открие идната мајка.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: