Празна ви е батеријата? Мобилниот телефон може да го наполните и со помош на лимета

Празна ви е батеријата? Мобилниот телефон може да го наполните и со помош на лимета

Дали станува збор за практичен трик или во прашање е само обичен мит?

Видеата кои прикажуваат полнење на батериите на мобилните телефони со помош на лимон или лимета во последно време стануваа вирални. Во нив се тврди дека, доколку батеријата ви се испразни, а немате полнач при рака, или не сте во близина на приклучок за струја, батеријата може да ја наполните со оваа овошка.

Дали тоа навистина е така?

Точно е дека лимонската киселина делува како електролит за металните електроди кои обично се направени од никел и бакар. Теоретски звучи логично, но дали е исто и во пракса?

Помеѓу многуте видеа пронајдовме едно во кое авторот тврди дека за споменатиот експеримент, освен лимон или лимета, потребна ви е алуминиумска фолија во која прво ќе ја замотате овошката, а потоа полначот ќе го приклучите на истата.

Од српскиот портал, „телеграф.рс“ откриваат дека провериле дали овој трик навистина делува, па советуваат дека со истиот мора да бидете особено внимателни.

Како изгледа ова во пракса, погледнете во видеото во продолжение:

@juliusdein

CHARGING A PHONE WITH A LIME!!

original sound - Julius Dein

Можеби ќе ве интересира: